Новинарите на британската новинска агенција Ројтерс во Велика Британија се подготвуваат за дводневен штрајк в четврток и петок, за прв пат во повеќе од 25 години, откако нивната матична компанија, Томсон Ројтерс одби да им ја зголеми платата.

Членови на подружницата на Ројтерс, Националниот сојуз на новинари, незадоволни што нивниот работодавач им понудил зголемување на платата од само 1,75 проценти, што е под нивото на инфлација, огромното мнозинство изгласаа за штрајк.
Главниот и одговорен уредник на Ројтерс, Стивен Адлер вели дека компанијата била известена дека околу 150 новинари ќе одат на штрајк. Во соопштението во седиштето на компанијата во Њујорк, Адлер додава: "Ние го почитуваме правото на нашите колеги да се преземе таква акција за време на процесот на преговори и со нетрпение го очекуваме следниот работен ден дека тие ќе се вратат на работа"
Адлер вели дека новинската агенција, која емитува вести од регионалните седишта во Лондон, Њујорк, Вашингтон и во Сингапур, обезбедила back-up план со што агенцијата за време на штрајкот и понатаму ќе пренесува вести.
Овој штрајк не влијае на работата на 2800 Ројтерс новинари кои работат надвор од Велика Британија. (ХИНА)